| четврток, 6 декември 2018 |

Сензационален ден на Вимблдон, испаднаа Шарапова, Ивановиќ, Азаренка и Цонга

Серија сензационални резултати и многу оркажувања донесе третиот ден на лондонскиот тениски гранслем, Вимблдон. Марија Шарапова која има титула од 2004 година на турнирот загуби со 3-6, 4-6 од 20-годишната Португалка Ларчер де Брито, а истата судбина ја дожиева и Ана Ивановиќ во дуелот со една година помладата Канаѓанка Еужени Бушар. Србинката немаше сили да спречи изненадување па со пораз од 3-6,3-6 се прости од настапите во раната фаза.

Голем пех и се случи на Викторија Азаренка, која истотака нема да игра во продолжението од турнирот. Во меч од првото коло таа се лизна на тревнатиот терен и го истегна мускулот на левата нога. Белорусинката едвај продолжи, но го доби тој дуел и се проби во втората рунда, каде сепак немаше можност да настапи. Повредата беше преголема пречка, па и таа испадна, односно и предаде без игра на Флавија Пенета.

Слична е судбината и на сензационалниот победник против Рафаел Надал во првата рунда, Стив Дарцис. Популарната белгиска „ајкула“ како што го нарекуваат Дарцис, веднаш по елиминацијата на Шпанецот се откажа поради замор. Проблем имаше и Жо Вилфред Цонга, па и тој се повлече во текот на дуелот со Гулбис. Без игра предаде и Марин Чилиќ, Џо Иснер и Радек Стеапанек не издржаа докрај во многу чуден ден на Вимблдон со серија повреди и откажувања.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top