Граѓаните во населбата Тафталиџе кои поради дефект немаат вода, ќе добијат вода во текот на утрешниот ден во претпладневните часови.
Јавното претпријатие „Водовод“ соопшти дека на дефектот на булеварот „Теодосиј Гологанов“ спроти „Веро“ ќе се работи и во попладневните и во вечерните часови и оти се очекува тој да биде саниран, а водоснабдувањето да биде нормализирано во текот на утрешниот ден во претпладневните часови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.