| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанска лекција број 3 за македонските ракометарки

Шпанските ракометарки и по третпат за кус период беа подобри од македонските, а по двете победи во баражот за пласман на СП, сега не надиграа и во Турција на Медитеранските игри. Поразот е убедлив 13-24, со само 4 постигнати гола за 30 минути во вториот дел.

Нашите ракометарки со 4 порази и без освоен бод се враќаат дома. Загубивме од сите 4 селекции во групата, а подобри од нас беа Словенија, Хрватска, Тунис и Шпанија.

Попладнево, македонските ракометарки одиграа добро прво полувреме, и катастрофален втор дел. По 30 минути игра беше нерешено, 9-9. Вистински дебакл ни се случи во продолжението, кое  ракометарките од Шпанија го добија со 15-4.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top