Романот „Дожд и хартија“ од Владимир Тасиќ, добитник на НИН-овата награда за роман во 2004 година и наградата „Златен сончоглед“ за 2004 година, деновиве излезе од печат на македонски јазик во издание на „Прозарт Медиа“. Ова е роман над чии меланхолични и потресни страници се надвива озвучената стварност на еден актуелен и контроверзен свет во кој јунаците на Тасиќ тежнеат да се ослободат од внатрешните и надворешните прогонства.
Хероината, како раскажувач, ја сведува својата животна приказна меѓу Нови Сад, Лондон, Даблин… во чии рамки прозборуваат многу нејасни блиски пријатели како пријатели како актери во потрагата за ослободување и отелотворување на своите соништа, распрснати по градовите на Европа и Америка. Романот е слика на културата и нејзините чудесни евокации, удари и екстази, имагинативна, иронична и горчлива приказна за една генерација, за еден град, за знаењата, поврзаноста и емоциите кои се распрснуваат во принудните животни избори и неговата неостварена поезија. Раскажан во преплетување на ерудицијата и иронијата, на фикцијата и потресниот документаризам, со неспорно раскажувачко мајсторство, овој роман е автентично и силно сведоштво за нашето време, роман кој го афирмира Тасиќ како еден од најубедливите претставници на новиот дух во српската книжевност.
Тасиќ е математичар и писател истовремено. Предава математика на Универзитетот во Њу Бранзвик во Канада каде живее од 1988 година. Инаку е роден во Нови Сад (1965 г.). Има напишано две книги со раскази – „Псевдологија фантастика“ (1995) и „Радоста на бродоломците“ (1997), три романи – „Проштален подарок“ (2001), „Дожд и хартија“ (2004) и „Стаклен ѕид“ (2008) и четири книги есеи.
За романот „Проштален подарок“ ја доби наградата на Радио Белград 2 за книга на годината на српски јазик. Романот е објавен на француски, германски, англиски, словачки и словенечки јазик
„Дожд и хартија“ е добитник на НИН-овата награда за роман во 2004 година. Делото ја добива и наградата „Златен сончоглед“ за 2004 година. Романот е објавен на француски и на македонски јазик. „Стаклен ѕид“ е објавен на француски јазик. Книгата есеи „Математика и корените на постмодерното мислење“ е објавена на англиски, шпански и кинески јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на романот „Манастир Фуентерабија“ од Јагода Михајловска-Георгиева во Библиотеката „Браќа Миладиновци“
-
„Бележникот на татко ми“ од најтиражниот писател од Холандија – Кадер Абдолах
-
Смртна казна за познат писател на крими-романи: Злосторството го прераскажал во роман
-
„Антолог“ ја објави книгата „Лисица“ од Дубравка Угрешиќ