Нов пораз претрпеа ракометарите на Македонија на Медитеранските игри во Турција, а денеска подобри од нас беа Србите кои славеа со 27-19.
Поразот е тежок и дефинитивно не исфрли од игра за медалите, а доаѓа по катастрофата од Италија, од чија репрезентација загубивме со 20-33.
Против Србија се држевме до полувремето, а на пауза по првиот дел заминавме со негатива од 2 гола, 11-13. Во второто полувреме нашите северни соседи на декласираа со 14-8, за вкупни, 27-19 и последно место во групата составена од 5 репрезентации.
Во последниот меч ќе играме против домаќинот Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.