| четврток, 6 декември 2018 |

Субрата Рој не дошол сам во Охрид, со него е и мултимилионерот од САД, Сант Чатвал

Уште еден пребогат Индиец заинтересиран да инвестира во земјава

Индискиот милијаред Субрата Рој во Македонија пристигнал во придружба на неговиот пријател Сант Чатвал, индиец кој 25 години живее во САД.

Чатвал е сопственик на $750 милиони вредните хотелски синџири Hampshire Hotels и Resorts Bombay Palace.

sant chatwal1

Чатвал е близок пријател на Американскиот државен секретар Хилари Клинтон а за време на првата кампањата за претседател на САД тој од американските гласачи со индиско потекло собрал 10 милиони долари за Барак Обама.

Чатвал според неофицијални информации е заинтересиран за отварање на луксузни хотели во проектот на Субрата Рој во Љубаниште.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top