| четврток, 6 декември 2018 |

Две нови филмски авантури во „Синеплекс“

Филмот кој се најде на 2то место на ТОП 10 листата на САД, „Светска војна З“ со Бред Пит во главната улога, од четврток ќе можете да го видите на репертоарот на Cineplexx. Медиумите низ светот изјавуваат дека ова е еден од најуспешните филмови на актерот. Најавено е дека веќе се размислува и на продолжение на оваа приказна. Самиот Бред Пит кој се јавува во улога на продуцент на филмот изјавува дека сакал да направи филм за неговите деца „Целата идеја започна бидејќи сакав да направам филм кој моите деца ќе го гледаат пред тие да навршат 18 години – филм кој секако би им се допаднал“ Беше сосема обичен ден. Гери Лејн беше со своето семејство кога нивното мирно возење го прекина сообраќајниот метеж во градот. Лејн порано работеше како иследник за Соединетите нации и сега има претчувство дека не се работи само за вообичаен застој на сообраќајот. Полициските хеликоптери кружат на небото. Полицајци на мотори безглаво брзаат…Целиот град е во хаос. Нешто ги тера луѓето свирепо да се напаѓаат едни со други – тоа е смртоносен вирус кој се пренесува преку едно единствено каснување. Предизвикува здравите особи да станат непрепознатливи, диви и сурови суштества кои не мислат. Соседите се вртат едни против други, а пресретливите странци одеднаш стануваат опасни непријатели. Потеклото на вирусот не е познато, а бројот на инфицирани расте експоненцијално од ден во ден, што доведува до глобална епидемија. Лејн е принуден да се врати на својот некогашен опасен живот за да ја осигура безбедноста на неговото семејство. Сега води очајничка потрага по изворот на епидемијата и начинот како да го стопира нејзиното брзо ширење.
На репертоарот ќе се најде и комедијата „Стажанти“. Повторно на големото платно ќе се обединат актерите кои се познати по своите комични згоди и незгоди, Овен Вилсон и Винс Вонг.
Internship-Los-Angeles-Premiere

Двајца возрасни мажи, во своите четириесети години, добиваат отказ од своите работни места. Сега повторно се обидуваат да изградат кариера со тоа што се вработуваат како приправници во успешна компанија која се занимава со интернет услуги. Мал проблем е што нивните нови претпоставени имаат по 20 години. Били и Ник се двајца продавачи чии што кариери се завршени заради дигиталната ера во која живеат. Без намера да се откажат, аплицираат за практикантски позиции во Гугл. Но добивањето на практикантските позиции е само половина од тоа што ги очекува штом влезат во оваа комапнија. Тие тука мора да се соочат со двојно помлади момци и девојки чие секојдневие е исполнето со технологија, смартфони, таблети и апликации и софтвери кои им го олеснуваат животот а кои тие сами ги создаваат. Дали овие двајца претставници на пре-дигиталната ера ќе се снајдат под водство на 20-годишните брилијантни умови?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top