| четврток, 6 декември 2018 |

Нови детали за разводот на Бред и Анџелина

Холивудските ѕвезди Анџелина Џоли и Бред Пит на крајот на 2016 година објавија дека се разведуваат. Но, процесот се уште не е завршен, поради барањата на Анџелина.

Имено, најголем проблем за овој процес е старателството над децата.

Одреден период Анџелина воопшто не му дозволуваше на Бред да се гледа со децата. Но, сега на изненадување на јавноста се слулчија значителни промени.

Бред и Анџелина конечно по мирен пат успеале да се договорат и да ги решат сите проблеми на задоволство на двете страни, по што сега остануваат само уште неколку недели тие и официјално да се разведат.

-Ова е голема промена , ако се земе во предвид дека актерката беше оштра во правната битка и воопшто не сакаше Бред да учествува во воспитувањето и растењето на децата, изјави извор близок на парот за „ Сан’‘.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top