| четврток, 6 декември 2018 |

Бедник

Михајло Маневски

Пратеникот Горан Мисовски доби награда за криминалот што го направи на 27 април 2017 година. Денес е “избран”за потпретседател на Собранието на Република Македонија.

За потпретседател е наместен пратеник – бедник, како синоним кој во своето значење опфаќа никаквец, бараба, расипник, дволичњак, божјак, превртливец, бесрамник, мизерија, човек кој предизвикува презир и донесува несреќа. Сите овие синоними сосема му прилегаат и на овој бедник, кој за потпреседателската фотеља во Собранието го направи најголемиот срам од постоењето на Собранието на Република Македонија.

Погледнете му го само изразот на лицето на овој безобразник, кој го згази Уставот, Законот за Собранието и Деловникот за работа на Собранието, кој го нагрди Собранието и стори тешки кривични дела на велепредавсртво.

На 27 април 2017 година овој бедник самиот се закити со титулата “заменик претседавач” за срамниот неуставен и незаконски избор на Талат Џафери за Претседател на Собранието на Македонија. Кој му даде право тој да “преседава“ со криминалната конститутивна седница, кога тој не е најстар пратеник во Собранието.

Согласно член 9 од Деловникот на Собранието, најстариот по години избран пратеник претседава со седницата на Собранието додека новоизбраниот претседател не ја преземе должноста. Најстар по години пратеник е Бранко Маноиловски, роден на 02.08.1941 година и тоj бил прусутен во Собранието.
Но, иако тој е присутен и согласно Деловникот единствено бил овластен да преседава со таа седница, тоа не се случува. Тој смислено се оддалечува, бидејки според пресметката на налогодавците тој не е способен да го изведе замисленото сценарио. На наводната конститутивна седница најпрвин се обраќа пратеникот Ферид Мухиќ, роден во 1943 година и тој не е најстар пратеник. Набрзо пратеникот Ферид Мухиќ преседавањето со “седницата” му го препушта на искусниот велепредавник Горан Мисовски, роден на 15.4.1965 во Скопје, како „заменик преседавач”.

Додека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ мирно стојат, заверениците слават победа. Радмила Шеќеринска со дигната рака одушевено поздравува еден велепредавнички чин. За историски приказ ја сликаат и овековечуваат со мобилните телефони ова срамна фарса на нелегитимно избран претседател на Соранието. Бесрамникот дури и се подпиша како заменик преседавач на наводно донесена одлука за избор на претседател на Собранието.

Кога ќе одговара овој пратник – бедник Горан Мисовски. Кога ќе се одлучи по пријавата ва сторено тешко кривично дело? Уште колку време треба да се чека? Се лаже ако мисли дека ќе ја избедгне кривичната одговорност и дека ќе го бранат тие на кои слугуваше? Од оваква одговорност не се бега.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top