| четврток, 6 декември 2018 |

Слепци

Зоран Заев и Никола Димитров после ова катаклизма веднаш да си поднесат оставка

 Михајло Маневски

Зоран Заев е фатен во канџите на лукавиот Алексис Ципрас. Нашиот нарцисоиден преговарач Никола Димитров, Никос Козијас го врти окулу малото прсте, а тој кутриот само се смешка. Им седнаа во скут на грците и ги сотреа сите наши досегашни макотрпни напори на сто пати од нив повешти политичари. Го урнисаа целиот процес и го доведоа до состојба на лицитација на имиња на државата. Земјата ја понижија и ја доведоа до состојба на капитулација. Кој ќе ја поправа нанаесената штета и дали сето тоа воопште може да се поправи?

Она што Зоран Заев мора веднаш да го направи е да го послуша, ако никој друг барем Владе Милчин, кој го издигна и донесе на власт и кој по втор пат за кусо време го повикува “да се врати дома”!!! Одамна знае стариот лисец дека колата тргна неповратно надолу и дека треба да се запре и да се спаси што може да се спаси.

Зоран Заев излажа дека со Ципрас во Софија утврдиле прифатливо име за двете страни. Трдоглав и плиткоумен не ги прифати укажувањата и молбите дека предлогот “Илинденска Македонија” грците веднаш ќе му ја треснат од глава. Така и се случи. На тоа отворено му кажуваа и тие што го подржуваат, дека erga omnes е всушност тешка измама. Ај што не ја послуша опозицијата, која не ја ни информираше, не ги послуша советите на академици, врвни експерти по меѓународно и уставно право, научни и стручни институции, немаше слух за на граѓаните.

Кој му дал право на овој човек да се однесува толку самоволно и рушителски? Кои сили владеат со овој човек? Неговиот политички и морален кредибилитет одамна се
урнисани. Него веќе никој и ништо не му верува. Како може да му се верува на човек кој не држи до својот збор и кој постојано лаже, на човек на кого зборот ништо не му вреди. Кажа дека било прифатливо име со геогравска одредница за надворешна употреба, но се откажа од тоа. Рече дека нема да се менува Уставот заради промена на Уставното име во германски “Шпигел”, па пак порече и прифати промена на Уставот за име за севкупна употреба. Превртлив, несериозен, нестабилен и неспосовен е лесна мета на грците да си играат мајтап со него и со нашата држава. Ако има барем малку доблест, мора веднаш да си посднесе оставка.

Ние не одиме да дадеме, туку да си го земеме името Македонија!

Дали слушна и дали нешто разбра Зоран Заев што пред два дена му порача Алексис Ципрас од Солун? Му порача дека: Не одиме да дадеме нешто, да го дадеме името Македонија, како што тврдат некои, одиме да земеме назад нешто што е дадено пред 70 години. Ние тука се стремиме да добиеме нешто назад, а не да дадеме нешто, рекол грчкиот премиер во Солун, по средбата со солунскиот градоначалник. Отворено и силно на Зоран Заев му удри тупаница во лице, го тресна од земја и го фрли во септичка јама.

И сега, каде сме? Никаде, во ќорсокак, во темнина. Така е тоа кога дилетанти вршат власт и водат надворешна политика узурпирана од некадарници и несовесни властодршци од типот на Зоран Заев, Никола Димитров, Радмила Шеќеринска и други узурпатори на народната воља, кои ниту ги познаваат и ниту ги почитуваат елементарните дипломатски правила и кои вршат предавсво и сквернавење на сопствената држава. Не почитуваат никави уставни норми, рушат историски факти, не почитуваат никакви достигнувања и ова држава и овој народ кој слави 1000 години од својата Света црква Охридска Архиепископија.

Во 1946 година е донесен Устав на Народна Република Македнија. Во членот 2, државата се дефинира со полн уставен капацитет врз основа правото на секој народ на самоопределување, вклучително правото на отцепување и на соединување со други народи и со својата слободна воља, македонскиот народ се соединува врз основа на начелото на рамноправноста со останатите народи на Југославија. Федеративна Народна Република Југославија во Обединетите нации е примена како федерална држава, во која влегува и македонскиот народ и неговата држава Република Македонија. Вториот Устав на Социјалистичка Република Македонија е доенесен 1974 година. Според членот 1 на овој Устав, Социјалистичка Република Македонија е национална држава на македонскиот народ и држава на албанската и турската народност во неа. Граѓаните на Република Македонија на референдумот одржан на 8-ми септември 1991 година, плебисцитарно самопотврдувајќи ја државноста и сувереноста на Република Македонија ја изразија својата волја и го дадоа својот глас Република Македонија да се конституира како суверена и самостојна држава Македонија, што уставно-правно се заокружи со донесувањето на Уставот на Република Македонија на 17 ноември 1991 година.

Сите Устави се донеседни за државата Република Македонија. Сето тоа му смета на Алексис Ципрас и сака да го врати името Македонија, кое наводно “им било украдено пред 70 години”. Ако им било нешто украдено, Грција за овие 74 години од донесувањето на Уставот од 1946 година до денес, ќе поднесеше стотина тужби да го врати тоа што им е “украдено”, aма не поднесоа ниту една тужба на Меѓународниот суд на правдата кој постои од 1948 година или друг меѓународен орган. Сега Алексис Ципрас се сети и ја “откри кражбата” и се служи со притисоци, измами и итроштини. Се обидува да уфрли тројански коњ и да го сврти тркалото на историјата и го влече за нос Зоран Заев, кој слепо му верува. Пред многу години, дури се обидоа да го подкупат поранешниот претседател Киро Глигоров. Алексис Ципрас измислува иредентизам во Македонија, а идентитетскиот геноцид што го направија врз Македонците од Егејска Македонија го заборава, им ги грабнаа нивните имоти, кои кога тогаш ќе мора да ги вратат, а тој се прави невешт како сто тоа да не постои и дека е заборавено.

Ниту една држава и ниту еден дипломат не се откажува од стекнатото право согласно меѓународните норми. Целиот процес за разликата во врска со името мора да се води согласно Резолуцијата на ООН. Република Грција неможе да го носи бајракот и да биде доминантна во разговорите, истиснувајки го и Метју Нимиц, кој веќе има периферна улога, а нашиот преговарач тотално инфериорна положба, освен што се грли и љуби со Козијас. Нема никаква основа да се отвараат идентитетски прашања во разговорите. Во врска со Времена спогодба од 1995 година, го отворивме Уставот и го променивме знамето и срамно се откажавме од нашето национално малцинство кое живее во северна Грција – Егејска Македонија. Македонскиот јазик и кратенките MK и MKD се запишани во ООН и нема што за тоа да се разговара.

На Република Грција многу и смета Пресудата на Меѓународниот суд на правдата од Хаг. Повеќе од 5 години пресудата им виси како дамоклов меч, како на Република Грција, така и на меѓународната заедница. Меѓународната заедница веќе нема трпение, затоа што се прави опасен преседан кој има доста штетни последици од непочитување на пресудата и неможе да се повикува на владеење на правото, кога самата не почитува пресуда на Меѓународниот суд на правдата, пресуда на највисокиот суд во светот, основан со Повелбата Обединетите нации. Ова пресуда е сосема јасна, дека Република Грција неможе да ја попречува Република Македонија за членсвтво во меѓународните организации под привремената референца и во НАТО и во ЕУ и во други органзации.

Да беше пресудата во корист на Република Грција, досега немаше да не остават на мира и ќе не удавеа во Егејско море, а ова пресуда нашиве “слепци преговарачи”, не ја ни споменуваат и прифаќаат да разговараат за се и сешто, надвор од Резолуцијата на ООН, надвор од Времената спогодба, надвор од вековната историја и традиција на македонскиот народ и неговиот идентитет, култура и традиција и веќе 74 години Уставно уредена држава Република Македонија.

Кој украл и кој сака и сега да краде, сосема е јасно. Тоа не е Република Македонија.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top