| четврток, 6 декември 2018 |

Криминалци капиталци

Криминалот вгнезден во врвовите на власта

 Михајло Маневски

Под водството на Зоран Заев и СДСМ, единствено што успешно функционира во Република Македонија е криминалот и корупцијата. Државата е право елдорадо за превејаните криминалци вгнездени во врвовите на власта на СДСМ на централно и на локално ниво. Расипнички и без никаква контрола се крадат милионски средства. Се местат криминални тендери, се делат грантови на функцинери на власта, корупцијата цвета. Краде кој ќе стигне и каде ќе стигне, без усул и без одговорност.

Никој од вршителите на власта не е повикан на кривична одговорност за сторени тешки кривични дела, еве повеќе од 16 месеци. Што стана со пријавите и кривичната одговорност на дваица функционери за криминал во вршење на власта, што ги најави Зоран Заев на 4-ти ноевмври 2017 година? Што стана со кривичната пријава за сторени криминални дела од страна на Бујар Османи, што Заев самиот ја најави? Има безброј вакви прашања, но нема никаков одговор, затоа што власта не го гони криминалот, туку го прикрива.

За нешто повеќе од една година го оплачкаа народот и го доведоа на просјачки стап, без кникаква одговорност на ниту едно лице! Се монтира полиритички случаи за наводно терористичко загрозување на уставниот поредок и се држеа и уште се држат во притвор невини луѓе кои си ја сакаат државата, да се одвлече вниманието од ова неспособна и катастрофално корумпирана криминална државна власт.

Бидејки власта не го гони, туку го штити криминалот и само вербално се залага за нулта толеранција на корупцијата, се засилија криминалците и се натпреваруваат кој повеќе ќе украде. Се вратија деведесетите години на општа пљачка на народот со ограбените штедилници ТАТ и дгруги и ограбените фирми, со што се избркаа на улица над 250 илјади работници. Се вратија времињата кога тогашниот лидер на СДСМ се колнеше во СДСМ и Свети СДСМ, дека ќе ја сече главата на октоподот.

Но, не само што не ја пресече главата на окторподот, туку октоподот се рашири на сите страни во државата, која денес се вбројува како една од најкорумпиранирте држави. На индексот на перцепцијата на корупццијата во 2006 година, Македонија беше рангирана на 106 место. Во 2008 година значително се подобри рангирањерто на 64 место, но денес од страна на Транспаренси интернешенел, Република Македонија е рангирана на 107 место и го досигна најсрамното ниво на корупцијата. Македонија е рангирана најниско ниво во споредба со сите други држави од регионот, пониско од Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и други земји од регионот. Владата на Зоран Заев за време на владеењето Република Македонија ја доведе во редот најкорумпираните држави во светот. Секогаш кога СДСМ е на власт корупцијата цвета. Тоа им е стил на владеење.

 

Организиран криминал од големи размери

За кланот ЗАЕВИ не дојде само животот, туку дојде рајот. Големите плантажи со дрогата марихуана (Canabis Sativa) во Св.Николе и Богданци се веќе во напредната зрелост, финансиското друштво – штедилница кредитира со баснословни камати, се купуваат огромни деловни површини (Герас Цунев) по багателна цена, колку за една гарсоњера, се прифаќа отстапување на право на градење на државно земјиште откупено за 700 илјади евра, со надоместок од само еден еднособен стан од 40 м2 на лицето Сашко Брндевски, за локација на која се гради станбена зграда со нето површина 6.888 м2 со голем профит. Оппштинските тендереи со години главно беа во кругот на фамилијата. Затоа жителите од Сачево самите го пополнуваат дупките на патот, за да можат да поминат, бидејки за десет години ништо не е сторено.

На овој премиер лажливец, веќе никој и ништо не му верува. Постојано лаже. Лаже не за обични работи, туку лаже за судбоносни државни работи. Лаже и се колне во најмилото, во децата, во родителите и предците? Боже каков ли е овој човек?

На КОЧО АНЃУШЕВ, потпретседател на Владата, задолжен за економси систем, се му е дозволено во вршењето на функцијата. Човекот има некои чудни критериуми за материјалното, законското и моралното. Во време додека беа во клучна фаза разговорите во врска со разликата за името со Република Грција, тој изјавуваше дека му е сеедно дали Македионија ќе биде Горна, Северна или друго име! Во исто време, својата фирма ЕДС ја продаде на грчкото електростопанство за 4,8 милиони евра. Воопшто не било лесно, вели тој, но направил добро и за компанијата и вработените. Зошто не ја продаде фирмата пред тоа, пред да стане потпреседател на Владата? Знае ли овој човек што е судир на интереси? Очигледо неговите материјални интереси се поголеми од општествените вредности. Уште тогаш, кога ја продаде фирмата, веднаш требаше да си поднесе одставка и да биде повикан на кривична одговорност.

 

Агенцијата за иновации криминално јадро

Агенциајта за иноваци се претвори во криминалнио јадро. Се делат народни пари на функционери на СДСМ, на централно и на локално ниво. Народните пари се расфрлаат како алајбегова слама.

КОЧО АНЃУШЕВ, потпретседател на Владата, сам на себе си додели 160 илјади евра, односно на фирмата „Каст инвест“ во која е косопственик. Сопственици на „Каст инвест“ се компанијата „Брако“ на Анѓушев, неговиот кум и уште еден бизнисмен.

Еве уште еднаш повторно се појави со неговиот сомнителен однос спрема вредностите и судирот на интереси. Каков е тој безобразлук, како потретседател на Влада промовира проект за иновации и истовремено на фирма, во која е косопственик, доделува грант од 160.000 евра од Фондот за иновации?

ХАРИ ЛОКВЕНЕЦ, пратеник на СДСМ од Прилеп, како косопственик на печатницата ,,Гинис” од Прилеп од Фондот за иновации добил грант од 10 милиони денари. За овој пратеник немам никаква дилема, како за пратеникот Томислав Тунтев. Овој пратеник и има цигла во главата и е удрен со цигла по главата. Каков дволичњак и лицемер?

Фирмата КОДИНГ- ГОРСКА, во која Претседателот на општинската организација на СДСМ во Кавадарци е директор на производство, добила 296 илјади евра за „воведување нов производ во нова амбалажа, дизајн и етикета за горска вода со алое вера и ацерола“. Се бисер до бисер, се криминал до криминал, организиран и опасен.

Весникот СЛОБОДЕН ПЕЧАТ каде што главен уредник е БРАНКО ГЕРОВСКИ добил грант од 10 милиони денари од Фондот за иновации за финансирање на микро, мали и средни претпријатија за набавка на печатарска машина и производна хала.

 

Агенцијата за филм партиски финансиски пропаганден центар

Новинарите БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ, МЕРИ ЈОРДАНОВСКА И САШКА ЦВЕТКОВСКА, сопственици на компанијата „Евро Вижн“, од Агенцјата за филм добиле 5 милиони и 200.000 денари или 85.000 евра, за филмска продукција!? Борјан Јовановски, со грохотно смеење аха-ха, аха-ха … одговорил на прашањето колку пари ќе земе од сметката на граѓаните? Бесрамник, арогантен и општествено неодговорен и некултурен.

Од Агеницјата за филм која ја води Горјан Тозија, на ОХО Продукција ДООЕЛ Скопје и биле доделени 125.000 евра за снимање на документарна ТВ серија “Динамиката на македонската демократија (2006-2016). Автор на серијата – сценарист бил Сашо Ордановски.

 

Белосветски расипници

АД МЕПСО од Скопје, објавил тендер во вредност од над 350 илјади евра за набавка на мебел, гарнитури, столчиња, гардеробери, кујни и полици. Според тендерот, ергономските, огноотпорни и тапацирани столови со телешка кожа биле за раководните лица. Посебно било наведено дека столовите треба да имаат висок потпирач за грб и со антишок функција.

Во случајот, на САШО ВАСИЛЕВСКИ, директор на МЕПСО, му треба стол на кој ќе седи со висок потпирач за грб и со антишок функција. Човекот треба да се одмори, затоа што многу се измори, бркајки го само својот интерес и вртејки ја капата од каде дува ветерот. Антишок функцијата на столот на кој сака да седи му е потребна затоа што човекот е во стрес и треба да се заштити од шокови. Си мисли, кој пат ќе го фаќа после ова, пак ли ќе ја менува капата? Народот овде би прокоментирал, господе што ли уште ќе не снајде од ова власт, со вакви налудничави идеи и кадри кои мислат само за себе и за својот комодитет.

 

Тендер од 36 милиони евра за реагенси да му се мери трпението на народот

Овој тендер е кулминација и врв на расипништво и неодговорност на Владата на Зоран Заев и СДСМ. Да се даде тендер вреден 36 милиони евра на фантом фирма “АХР ЛАБ”, која нема ниту сопствена адреса на која е регистрирана пред 3 месеци со влог од 5 илјаи евра, туку на адреса на адвокатот Емил Мифтари, без никакво искуство и без ниту еден вработен, да набавува лабораториска опрема за биохемиски анализи на крвта на пациентите во државното здравство од страна на Министерството за здравство, е чин на тешко злосторство. Не само што на овој начин се расфрлаат парите на граѓаните, туку што е најстрашно, се загрозува и нивното здравје. Каква неодговорност и какво доверие можат да имаат граѓаните во ваква власт, која не води сметка за нивниот живот и здравје.

Ова ли е враќање на животот? Ова ли е правда и законитост? Ова ли е начинот на кој ќе се спречува корупцијата и организираниот криминал? Толку криминални скандали на носители на државни и јавни функции за само дваестина дена, се непобитен доказ за тешка криминализација и недостаток на воља на Владата и наддлежните органи да се зафатат со одкривање и спречување на криминалот и корупцијата. Доколку и после сите овие скандали не се преземат мерки на казнено гонење на сторителите на кривични дела, само ќе се потврди неспремноста на Владата и селективниот пристап при гонењето.

Жртви на овие криминални дела се граѓаните, земјоделците кои се судруваат со пропаѓање на нивниот труд без никаква заштита од државата, пензионерите, чии пензии не се зголемуваат, работниците во фабриките и државната и локална администрација. Ова Влада ги загуби конците и се се одвива стихијно и без концепт и не е чудо што сето ова се случува.

Лагите веќе свршија. Со лаги повеќе неможе да се владее. Народот се освести и виде со кого има работа и ќе се потруди тоа да го исправи и да ги казни лажливците, неспособните и криминалците.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top