| четврток, 6 декември 2018 |

Флорентино Перез, уште од лани знаел дека Анчелоти ќе биде тренер на Реал Мадрид

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, знаел дека Карло Анчелоти ќе биде тренер на клубот што го предводи уште од лани. Барем така си кажа на денешната официјална промоција на италијанскиот стратег. Тоа би значело дека Жозе Мурињо бил печен за смена уште во 2012 година, но, сепак, Португалецот издржа до ова лето на кормилото на Реал Мадрид.

– Уште пред една година ти реков, Карло, ти ќе бидеш наш тренер. Еве една година подоцна, тука сме заедно и ја почнуваме нашата соработка, која се надеваме дека ќе биде успешна. Реал Мадрид сака победи и титули и ќе сториме сѐ за да ги израдуваме навивачите – изјави Перез на официјалната промоција на Анчелоти.

Анчелоти со многу мака доби дозвола од Пари сен Жермен за да замине во Мадрид и да стане нов тренер на Реал Мадрид, а истакна дека дошол во најголемиот фудбалски клуб на планетата. Претходно тој ги предводеше и Јувентус, Милан и Челси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top