| четврток, 6 декември 2018 |

Со парите кои Шилегов ќе ги даде за рушење на галиите, може два пати да ја реконструира Универзалната сала

– Иронијата на Шилегов и СДСМ ги руши сите рекорди. Замислете, Шилегов изјави дека оваа година воопшто нема да се отпочне реконструкцијата на Универзалната сала, не биле предвидени средства за 2018 година поради недостиг на финансиски средства, вели денеска Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје.

– Пред само неколку дена, истиот Шилегов изјави дека рушењето на галиите и други објекти од речното корито ќе го чини градот Скопје ни помалку ни повеќе 8 милиони евра. Притоа, за изградба на галиите не е инвестирано од градот Скопје ниту едно евро, се работи за приватни инвеститори. Со ова непромислено трошење на 8 милиони евра за рушење на веќе изградено, а немање средства за реконструирање на симболот на градот, Универзалната сала, Шилегов и СДСМ само потврдуваат дека работат за исполнување на своите лични хирови и задоволување на сопствениот гнев кон една успешна власт, а не работат за граѓаните и нивните потреби.

– Затоа му порачуваме на Шилегов, парите за рушење на галиите да ги пренамени за реконструкција на Универзалната сала, додава Попова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top