| четврток, 6 декември 2018 |

Третолигаш го елиминираше Манчестер Сити од најзначајниот англиски куп (видео)

Во рамките на осминафиналето на ФА Купот, фудбалерите на Виган Атлетик го направија најголемото изненадување, откако на домашен терен го совладаа Манчестер Сити со 1-0 (0-0) и го елиминираа од понатамошните борби.

Пеп Гвардиола на денешниот натпревар се одлучи за комбиниран состав, но и тој имаше целосна доминација во првиот дел, но без да постигне погодок. Во 47. минута од првото полувреме се случи можеби и клучниот детаљ на денешниот натпревар, Делф поради остар старт беше исклучен, па продолжените „граѓаните“ го одиграа со човек помалку, што на крајот се покажа и како пресудно.

Во продолжение фудбалерите на Манчестер Сити и со играч повеќе создаваа шанси, но голот за водство и голема радост го постигнаа домаќините, во 78. минута, буквално од првиот удар кон голот на Клаудио Браво. Автор на водечкиот гол беше Вил Вриг, кој одлично биеше од работ на шеснаесетникот и го матира Чилеанецот на голот на Сити (1-0).

До крајот гостите од Манчестер фрлија се на една карта – нападот, но не успеаја да го совладаат домашниот голман, па се елиминирани од понатамошните борби на ФА Купот.

Во четвртфиналето Виган Атлетик за противник ќе го има тимот на Саутемптон.

 

Гвардиола тргна физички да се пресмета со својот ривал од Виган (видео)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top