| четврток, 6 декември 2018 |

На лизгачката Габриела Пападакис и се скина костимот, но го заврши настапот (видео)

Французинката Габриела Пападакис доживеа голема непријатност кога за време на настапот со партнерот Гијом Сизерон, и се скина дел од костимот.

Но и покрај тоа ова натпреварувачка во уметничко лизгање успеа во обидот да ја заврши точката од програмата, дури и ќе се бори за олимпискиот медал во Пјонгчанг.

 

Пред финалната серија тие се на второто место во танцовите двојки заедно со својот партнер Гијом Сизерон, но нивниот настап се претвори во мала ноќна мора за секој лизгач, особено на овие натпревари на кои се бара и екстраваганција.

– Веднаш почувствував штом се случи тоа. Тоа навистина е голем проблем, но си велев дека морам да продолжам. Ние двајцата на крајот имавме одличен настап, на кој можеме да бидеме горди без разлика на тоа што се случи, изјави Пападакис по настапот.

 

На ЗОИ во Пјонгчанг сличен ваков проблем имаше и корејската лизгачка Јури Мин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top