| четврток, 6 декември 2018 |

Додека сите зборуваат за нејзиниот скап развод – Емина не излегува од кујна!

Поп пејачката Емина Јаховиќ се најде во центар на медиумското внимание кога неодамна по пат на социјалните мрежи призна дека се разведува од турската музичка ѕвезда Мустафа Сандал.

Емина откри дека нејзиниот брат, поранешниот кошаркар Мирсад најмногу го погодуваат медиумските пишувања за неа.

-Пишувањата во медиумите најмногу го погодуваат мојот брат. Јас рано го изгубив татко ми и тогаш тој ја превзеде улогата на татко и тој најмногу се грижи за работите врзани со тоа. Мајка ми исто така се грижи, бидејќи таа и никогаш не можела да ја разбере мојата работа, па и сега мораме да и објаснуваме зошто се пишува за нешто – рекла пејачката.

Сепак, и покрај се што и се случува, таа не сака нејзините синови Јавуз и Јаман да го почувствуваат разводот на родителите, па многу време минува со нив, а како вистинска мајка се труди да им подготви добар и вкусен ручек.

Така на Инстаграм го објави целиот рецепт за шпагети во сосо од домати кои ги приготвила за своите синови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top