| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во московска градинка: Воспитувачките заборавиле 3-годишно девојче во дворот, го пронашле следниот ден под снегот

3-годишното девојче Захра Рзајева се замрзнала во дворот на Московската градинка “Тинао”. Воспитувачките заборавиле да ја внесат внатре по играњето во снегот.

Дури по два часа, за време на ручекот, воспитувачките забележале дека им недостасува едно дете.

Тогаш тргнале во потрага низ улиците, верувајќи дека девојчето излегло од дворот, меѓутоа нејзиното тело било пронајдено под голема количина снег.

Температурата надвор била минус 5. Захра веќе била мртва кога била пронајдена. И покрај обидите да се реанимира, за неа немало спас.

Започнала истрага во која бил вклучен и Истражниот одбор на Русија, задолжен за истражување на најсериозни злосторства.

Се огласил нивен пријател, кој на локалните медиуми им рекол дека во градинката било кажано дека е вистина дека девојчето било оставено на студот два часа. Според неговите зборови, воспитувачите му потврдиле дека децата биле изведени во дворот да си играат во околу 11 часот, а дека подоцна ручале.

“Така слушнав, но не знам што точно се случило. Инспекторите треба да дознаат”, рекол и додал дека девојчето не се чувствувало добро цела седмица.

“Три дена пред трагедијата, мајката забележа дека на девојчето му отекле усните. Иако сакала да оди во градинка, почнала да се буни и да вели дека не сака да оди во градинка бидејќи се плаши од некои воспитувачки. Тој ден работел еден од воспитувачите од кои се плашела”, рекол тој.

точка.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top