| четврток, 6 декември 2018 |

Дибиров и Мораеш се дружеа со фановите на Вардар

Тимур Дибиров и Рожерио Мораеш беа првите ракометари на европскиот првак Вардар што ги поздравија навивачите пред почетокот на новата сезона. Тие беа дел од отворениот ден на Вардар што ќе трае во следните четири денови.

Вардар на сите наши фанови ќе им овозможи во периодот од 24 до 28 јули да можат да се фотографираат со пехарот од лигата на шампионите што го освоивме во Келн на почетокот на јуни.

Поради големиот интерес да има фотографии со пехарот од лигата на шампионите, клубот реши пехарот да биде изложен во салата. Тој ќе биде во внатрешниот дел веднаш што се влезе низ главниот влез на големата сала на СЦ „Јане Сандански”.

Да се види и да се фотографира пехарот од лигата на шампионите ќе биде возможно секој ден од 24 до 28 јули во периодот од 10 до 18 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top