| четврток, 6 декември 2018 |

Бордел Косово: Секс скандал од Балканот до Хаити – припадници на ОН и НАТО силувале жени и девојки

Откако беше откриен скандалот со хуманитарните работници на органзиацијата „Оскфам“ кој плаќале за секс со жени во Хаити, како и дека меѓу нив најверојатно имало и малолетници, се појавија и изјави и докази за слични случки и на други места каде хуманитарците биле задолжени да му помогнат на локалното население по војна или природна катастрофа.

Тоа се случувало и на Косово и во Босна и Херцеговина, наведува британски „Индепендент“.

– За време на моето прво патување на Косово во 1999 година, брзо по завршувањето на војната, возачот ми кажа дека таму се градат поголем број на бордели во близина на областа во која се наоѓаа припадниците на хуманитарните организации и мисијата на ОН, затоа што многу мажи биле стационирани таму и често ги користеле услугите на проститутките, наведува новинарката Џули Биндел.

Таа додава дека видела голем број на мажи како влегуваат во борделите и „покрај фактот дека голем дел од нив беа таму за да ги советуваат локалните власти за стратегија за борба против трговија со луѓе“.

Биндел го наведува случајот кога Кетрин Болковац, која ја надгледувала мисијата на ОН во Босна и Херцеговина, ги тужела своите надредени за неправедно отпуштање во 1999. година, откако пријавила дека припадници на мисијата плаќаат за сексуални услуги, силуваат малолетни девојки и учествуваат во трговија со луѓе.

– Бев на Балканот кога се појави таа приказна и зборував со бројни претставници на ОН за тоа. Многумина со кои разговарав или ги оправдуваа оние кои плаќаа за сексуални услуги, велејќи дека биле далеку од дома и им бил потребен секс, или ја обвинуваа Кетрин Болковац дека лаже, вели Биндел.

Екс-полицаец од Филаделфија и истражител на ОН за човекови права во Босна во 2009. година Дејвид Лемб ги истражувал обвиненијата против шест претставници на ОН од Романија, Фиџи и од Пакистан, кои биле стационирани во Бјелина, а кои, според обвинувањата, ги терале жените на проституција и ги продавале како бело робје.

Лемб, како што наведува, пронашол голем број на докази за да отвори истраги, но потоа се соочил со физички закани, а неговите надлежни ја спречиле таа негова намера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top