| четврток, 6 декември 2018 |

Еден загинат и еден исчезнат при експлозија во фабрика во Франција

Еден работник загина, а друг се води како исчезнат при експлозија во фабрика за производство на прехранбени масла во францускиот пристанишен град Диеп.
– Пожарникарите не информираа дека еден човек загинал, а еден се води како исчезнат, изјави претставник на корпорацијата „Аврил“, во чија сопственост е фабриката.
Тој не соопшти повеќе детали за инцидентот, нагласувајќи само дека засега не се познати причните за експлозијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top