| четврток, 6 декември 2018 |

Савченко и Масот со брилијантна изведба на мраз стигнаа до злато со светски рекорд на ОИ (видео)

Германците Аљона Савченко и Бруно Масот го освоија насловот на олимписки победници во лизгање во конкуренција на спортски парови на Олимписките игри во Пјонгчанг, а до тоа успеаа да стигнат благодарение на сјајната изведба во слободна програма за која добија 159.31 поен што е нов светски рекорд.

Аљона Савченко и Бруно Масот по кратката програма беа четврти, но со брилијантната комбинација на скокови и лизгање во слободната програма стигнаа до злато.

За Савченко ова е трет олимписки медал, со својот поранешен партнер освојуваше бронзи во Ванкувер 2010 и Сочи 2014-та. Со Масот почна да настапува по Игрите во Сочи и досега освоиле сребро и бронза на светски првенства.
Инаку, Савченко е родена Украинка, додека Масот роден Французин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top