Заменик-претседателот на Владата и министер за одбрана, Радмила Шекеринска, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ќе учествуваат на 54. Минхенска безбедносна конференција, која ќе се одржи во Сојузна Република Германија од 16 до 18 февруари 2018 година.
Минхенската безбедносна конференција се етаблира како водечки глобален форум на кој многубројни политички лидери, шефови на држави и влади, министри, водечки личности од меѓународните организации, високи претставници од индустријата, медиумите, академијата и граѓанското општество, дискутираат за актуелните и идните безбедносни предизвици.
Во фокусот на годинашната конференција ќе бидат дебатите за: улогата на Европската Унија како глобален актер и нејзините односи со НАТО, САД и Русија; растечката закана за либералниот меѓународен поредок; многуте конфликти на Блискиот Исток; заканите од тероризмот, состојбите во Африка и политичките случувања во регионот Сахел; прашањата за заштита на животната средина, како и сајбер-безбедноста. Исто така, посебен акцент ќе биде ставен и на прашањата за контрола на оружјето и особено на тензиите за програмата за нуклеарно оружје на Северна Кореја.
На конференцијата се очекува да земат учество секретарот за одбрана на САД, Џејмс Матис, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, британската премиерка Тереза Меј, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан и многу други.
За време на конференцијата двајцата министри ќе учествуваат на повеќе панели посветени на трансатлантската безбедност, соработката на НАТО и ЕУ и други теми. Исто така, ќе остварат билатерални средби со нивни хомолози и високи претставници на меѓународни организации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Никола Димитров „тежи” над 800.000 евра, а за школување на ќерка му плаќа државата
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев и Радмила Шекеринска не можат да бидат решение за проблемите во Република Македонија – тие се проблемот на оваа држава
-
Шекеринска: Амандманите никој нема да ги пишува зад затворени врати
-
Шекеринска потврди: МО ќе оддели милион евра за кампањата за референдумот