| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници, двајца од нив на истата улица во Ѓорче

Во текот на вчерашниот ден тројца скопјани пријавиле дека биле искасани од кучиња скитници, од кои двајца на истата улица „Лука Геров“ во општина Ѓорче Петров.

Во Полициската станица Центар, вчера, В.Б.(48) од Скопје пријавила дека на 13.02.2018 година околу 12.20 часот додека се движела по ул. „Орце Николов“, била нападната од повеќе кучиња-скитници, од кои едното ја гризнало за коленото од десната нога. По нападот, таа отишла во Градската општа болница „8-ми  септември“ каде и била укажана лекарска помош.

Вчера во 20.50 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Т.Ј.(55) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 18.30 часот додека се движела по улицата „Лука Геров“ била касната од куче-скитник за левата нога.

Во 21.15 часот, во истата полициска станица – Ѓорче Петров, Д.Н.П. (34) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 18.00 часот додека се движела по улицата „Лука Геров“ била касната од куче-скитник за десната нога.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top