| четврток, 6 декември 2018 |

Хорор дупка во центарот на Рим: Се отворила навечер и почнала да голта автомобили, наредена итна евакуација

На дното на огромната дупка сега се гледаат скршените автомобили кои паднале во неа.
Во предградието на Рим одненадеж се отворила земјата и настанала дупка длабока дури девет метри. Во текот на големиот одрон во дупката завршиле шест автомобили, додека од домовите во близина биле евакуирани 20 семејства, пишува “Daily Mail”.

До големиот колапс на земјиштето дошло во околу 5:30 часот во римската населба Балдуниа, која се наоѓа меѓу улиците Ливио Андонико и Латансио. Драматичните снимки покажуваат колку голема штета настанала откако земјата наеднаш пропаднала.На дното на огромната дупка сега се гледаат скршените автомобили кои паднале во неа. Евакуирано е населението во близина, а во текот необичниот настан, за среќа немало повредни, пишува Daily Mail.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top