| четврток, 6 декември 2018 |

Грозоморно убиство ноќеска во Кочани: Со нож и чекан ја убил сопругата, па се фрлил од покривот на семејната куќа

Грозоморен случај изутринава го вознемири жителите на Кочани. Маж со нож, а потоа и со чекан ја убил сопругата пред очите на нивните деца, по што се качил на покривот на семејната куќа, од каде што се фрлил. Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид на местото каде ноќеска се случи убиство и самоубиство.

Семејната драма се случувала утринава околу 3.30 часот. По семејна расправија, Б.Л. неколкупати со нож ја ранил својата сопруга Л.Л. Откако увидел дека жртвата покажува знаци на живот посегнал по чекан и со него и нанел неколку удари во главата со намера да ја усмрти. Сведок на насилството биле децата на брачниот пар, 22 – годишната ќерка и 13- годишното момче кое веднаш побегнало и се засолнило кај соседи.

Ќерката, по безуспешен обид да го спречи својот татко во кој и самата претрпела повреди. Таткото се искачил на покривот од семејната куќа и од висина од околу 6 метри скокнал при што починал на лице место. По пристигнување на екипа на брза помош, констатирана е смрт кај двете лица, а ќерката се уште се наоѓа во неконтактибилна состојба.

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани извршил увид на лице место заедно со екипа на крим техника од Министерството за внатрешни работи. Во насока на утврдување на фактите и расветлување на настанот, издадени се наредби за прибирање и вештачење на траги од лице место, за анализа на крв и урина од починатите и за вршење на обдукција на телата на починатите, информираат од обвинителството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top