| четврток, 6 декември 2018 |

Вулканот Јелоустон би можел да ги збрише САД

Најновото истражување на вулканот Јелоустон во американската сојузна држава Вајоминг покажува присуство на истопени карпи на околу 4,8 километри под површината на Земјата. Таквата состојба засега не е алармантна, но со текот на годините може да се смени.

Геолозите Дејвид Менсин и Глен Матиоли во студијата објавена во списанието „Јелоустон калдера крониклс“ (Yellowstone Caldera Chronicles) наведуваат дека вулканот Јелоустон физички се напрега и тоа влијае врз обликот на вулканот.

– Вулканите се напрегнуваат исто како и луѓето. Слично на тоа, како кога имате напорен ден, па се чувствувате растргнато. Причините за деформациите можат да бидат различни – промена во притисокот врз магмата, менување на количеството на вода во езерата во близина на вулканот, наведуваат Менсин и Матиоли.

Тие посочуваат дека без оглед колку и да се мали промените, со текот на времето можат да доведат до најголеми изненадувања.

– За среќа, последните мерења укажуваат на тоа дека нема причина за грижа, заклучуваат Менсин и Матиоли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top