| четврток, 6 декември 2018 |

Институтот „Јунус Емре“ организира свеченост посветена на академиците Луан Старова, Ферид Мухиќ, Влада Урошевиќ

 Утре ( 15 февруари) со почеток во 20:00 часот во свечената сала на МАНУ, Институтот Јунус Емре – Скопје организира вечер посветена на еминентни личности од поети, писатели, уметници до научници, академци во Република Македонија.

На свеченоста поздравни обраќања ќе имаат: д-р Шемсеттин Шекер, директор на Турскиот културен центар „Јунус Емре“, академик Таки Фити, претседател на Македонската академија на науките и уметностите и Роберт Алаѓозовски, министер за култура на Република Македонија.

Програмата ќе биде во чест на следниве академици кои ќе имаат свое обраќање: академик Луан Старова, академик Ферид Мухиќ, академик Влада Урошевиќ и Лидија Кумбараџи Богојевиќ.

Модератор на програмата  ќе биде проф. д-р Александар Прокопиев, кој ќе ја води средбата и разговорот со академиците, почесните гости ќе зборуваат за творештвото на еминентните академици, додека поканетите гости ќе имаат можност за интерактивно учество во програмата .

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top