Американката Клои Ким која има само 17 години денеска стана најмладата олимписка победничка во една сноуборд дисциплина.
Пред четири години многу сакала да учествува на Олимписките игри, но била одбиена бидејќи била премлада иако веќе беше една од најдобрите сноубордерки во светот. Тогаш била разочарана, но од оваа дистанца вели дека тоа била добра одлука.
„Сега кога ќе погледнам на назад ми е драго што не можев да настапувам тогаш. Мислам дека не би можела да го издржам притисокот тогаш. Не бе психолошки поготвена тогаш, сега го знам тоа“, изјави симпатичната Клои откако стана олимписка победничка во дисциплината snowboard halfpipe, што веќе 20 години е во олимписката програма.
Во машката конкуренција блескаше нејзиниот сонародник Шон Вајт (31) кој со години е најдобриот во оваа дисциплина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)