На Вимблдон нема попуст за никого, па ниту за тениски великан каков што е Роже Федерер, кој е рекордер со 7 титули на турнирот. Швајцарецот ќе мора да ги смени патиките за мечот од второто коло против Сергеј Стаховски поради портокаловата боја на ѓонот.
На Вимблдон опремата комплетно мора да биде во бела боја, па и Федерер ќе мора да направи промена. И порано имаше слични ситуации, а бунт против строгите правила поведе Андре Агаси, кој не играше на две изданија на турнирот, но потоа попушти и настапуваше.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


