Паштета и леб, ова е секојдневниот оброк на Бојана Колева од Чаир, која боледува од епилепсија. Во студена соба, три години без парно и струја, на улицата Џон Кенеди, Бојана живее сама. Нејзиниот татко одамна е починат, а во вечното почивалиште пред десетина дена заминала и нејзината мајка.
За да заработи некој денар, таа ја чисти куќата на еден дедо за 500 денари. Но, тоа не е доволно да ги исплати долговите за струја, парно, вода и лекарствата кои ги користи.
„Јас не поминувам многу време кај мене дома затоа е студено во станот. Претежно сум кај соседите, кај другарките. Дома доаѓам само на спиење. Среќа што дедо Душан ми дозволува да работам кај него. Проблемот е кога работам, немам толку сила, не сум издржлива и добивам отказ“, изјави Бојана Колева.
Нејзината другарка, која живее во соседниот стан, Емсал Адеми често пати и носи нешто за јадење. Но и Бојана секојдневно оди кај неа за да се стопли.
„Таа се бања кај нас. И даваме да јаде. Во лоша состојба е поради болеста“, вели другарката на Бојана, Емсал Адеми.
Бојана апелира до компаниите да и понудат работа, соодветна на нејзината здравствена состојба.
„Би сакала да најдам некоја работа каде што би можела да работам, која не е физички напорна и да имам стаж, да имам плата, да можам да се спасам од долговите што ги имам“, се надева Бојана.
Вкупно, како што вели таа, долгот за сите сметки е 200 000 денари. А, пак поради кредит, кој го подигнала нејзината мајка станот е под хипотека. Извршителите се посебен проблем за Бојана, кои секојдневно тропаат на нејзината врата и ја предупредуваат дека поради долговите може да остане и без станот.
извор: тв 21.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се соблече жената на Никола Роквиќ и сите ги остави во шок!
-
Пресврт во истрагата за смртта на Бојана: Трудницата која подготвувала свадба сепак била убиена?
-
Ние во војска не простуваме грешки, а тебе немаме што да ти простиме – колега на Бојана одржал потресен говор
-
Бојана ми се жалеше дека свекрвата ја навредува, не се сложуваа – открива мајката на припадничката на војската