Обвинителството во Шабац покрена истрага како би ја утврдило вистинската причина за смртта на Бојана Милановиќ (24), припадничка на војската на Србија, која кон крајот на април, беше пронајдена мртва.
-Наложено е да се направат сите потребни вештачења, како би се утврдило дали навистина извршила самоубиство, како што првите резултати покажале, или во прашање е убиство. Се испитува, меѓу другото дали можела сама да пука од ловечка пушка и тоа два пати- наведува извор близок на истрагата.
Дека истрагата за смртта на покојната Бојана е во тек, потврдила и нејзината мајка Снежана Ставановиќ.
-Колку што знам, се уште нема ништо ново. Чекаме резултати и се надеваме дека се ќе биде направено најдобро што се може. Само сакам истрагата да се забрза и вистината да излезе на виделина- рекла мајката на Бојана.
За потестување, стравичната трагедијата се случи кон крајот на април годинава, пет дена пред венчавката на Бојана. Според првичните сознанија, несреќната девојка од непознати причини пукала во себе од ловечка пушка, која била во сопственост на нејзиниот свршеник, кој како и таа, бил припадник на војската на Србија. Кога Бојана наводно се убила тој бил на дежурство и работел ноќна смена, а кога се вратил, го затекнал нејзиното безживотно тело. Бојана била во петиот месец од бременоста.
Една од нејзините блиски личности на Фејсбук оставила потресна порака во која се простила од Бојана, но и изразува сомнеж во официјалната верзија на настаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се соблече жената на Никола Роквиќ и сите ги остави во шок!
-
Ние во војска не простуваме грешки, а тебе немаме што да ти простиме – колега на Бојана одржал потресен говор
-
Бојана ми се жалеше дека свекрвата ја навредува, не се сложуваа – открива мајката на припадничката на војската
-
Како пукала два пати во себе: Семејството не верува дека трудната Бојана се убила пред свадба!