Припадничката на Војската на Србија, Бојана Милановиќ (24) се уби во понеделникот на Денот на Војската на Србија во семејната куќа, а нејзината мајка Снежана открива дека е правена повторна обдукција, за да се утврди дали навистина се работи за самоубиство.
-Правена е повторна обдукција, бидејќи војните форензичари не се сложувале со инспекторот од Богатиќ-изјавила Снежана.
Бојана вчера е погребана. Била во петтиот месец од бременоста, а оваа сабота требало да прави свадба.
Мајката на Бојана тврди дека таа се жалела на односот на свекрвата кон неа.
-Јовиша и Бојана сакаа да купат куќа да иселат, бидејќи не се сложуваа со мајката на Славиша. Таа Бојана не ја прифаќаше бидејќи таа беше од град, затоа што не сакаше да ги храни кравите. Девојката беше трудна, превисоко го носеше бебето и се и предизвикуваше мачнина. Таа навистина кај мене беше заштитена, јас не и давав ништо да работи и јас пред да ја одведе му реков да не очекува дека таа ќе работи и ќе ја храни стоката – во солзи раскажала мајката на Бојана.
-Ми се жалеше во последните две недели, таа беше многу горда и се носеше во себе, но се жалеше дека во последните две недели свекрвата ја навредувала и и зборувала дека е ку*ва- рекал потресената мајка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.