Десет видни политичари и интелектуалци адресирале писмо до претседателот, премиерот и спикерот на бугарското собранието во кое се потенцира нужноста Бугарија да ја поддржи Македонија во евроинтеграциите, што би било добро за сиот регион, пренесува Канал 5.
– Не на Република Македонија значи воскреснување на ретроградните балкански национализми и шовинизмот / “macedonia is greek”/, кои немаат ништо општо со власта во Европската унија цивилизациските принципи и норми. Категорично инсистираме Бугарија, како суверена држава, како држава од Европската унија да ја поддржи Република Македонија за почеток на преговорите за пристапување кон европското семејство. Потпишувањето на договорот за добрососедство и сите други проблеми можат и треба да се решаваат во текот на преговорите и тие не треба да ја попречуваат Република Македонија во процесот за пристапување кон Европската унија – стои во писмото на бугарските интелектуалци.
Меѓу потписниците на ова писмо се професорите Андреј Пантев, Николај Слатински, Христофор Завела, Костадин Филипов, Иван Александров Билaрски и многу други познати личности од јавниот живот во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.