Министерството за култура додели 300.000 денари на здружение кое облекува дечиња Албанци во воени униформи и ги тера да пеат песни за командантите на УЧК.
Едно од дечињата кои пеат за УЧК е Виган Максути, кој ја има отпеано песната „Гулаб на слободата” песна за комантант на УЧК кој сакал да го освои балканот.
,,Виган Максути е албанскиот талент од Тетово, кој со сигурни чекори оди кон успех. Тој е ветувачки талент, нова ѕвезда која почнува да свети. Од 2013 година како 7 годишен ученик учествува на детскиот фестивал “Блејат”, каде што ја освоил третата награда со песната “Мојата баба”– е информацијата која може да се најде за ова веќе 12-годишно момче од Тетово. Во 2014 година за него е направен првиот видео запис во замокот Селра, за песната со наслов “Гулаб на слободата”. Во 2015 година, ја освои втората награда на Детскиот фестивал со песната “Со песни што ќе кажам”.
За него има повеќе видео записи со детски песнички, но и еден ваков запис, во кој малиот Виган е облечен во маскирна униформа на УЧК и пее песна каде се величи делото на командантот на некогаш паравоена УЧК-Исмет Јашари-Куманова.
Здружението Виган за проектот што го носи истоимениот наслов како песната ,,Гулаб на слободата“, побарало од Министерство за култура 200.000 денари, но комисијата која одлучувала решила да им додели повеќе-300.000 денари, што е исто така невообичаено, бидејќи во принцип речиси секогаш се доделуваат помалку пари од бараното.
Според ова што може да се види, проектот за кој се доделени државни пари е од областа на камерната музика.
Но, Виган од Тетово има добиено субвенција по уште една основа, односно од државата добил и 400,000 денари за концерт во кој ќе ги пее своите песни.
Порталот ako.mk, се обидел да праша во Министерството за Култура зошто се даваат пари за вакви проекти, но од таму немаат одговор.
Очекуваме повеќе информации и објаснување од Министерство за култура, бидејќи Петрит Сарачини е недостапен , а на телефонот на Раководителот на одд. за односи со јавност никој не се јавува. – пишува ако.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)