| четврток, 6 декември 2018 |

Си купил цело село, платил 140.000 евра и на крај зажалил (видео)

Селото Алвин во Германија беше ставено на аукција, а човекот кој го купил за 140.000 евра зажалил за својата одлука.

Тој во декември го купил ова мало село со 12 куќи, неколку шупи и гаражи.

Но, локалните медиуми пишуваат дека купувачот сака да се повлече со образложение дека не бил „законски способен“ кога ја доставил понудата по телефон.

Андреас Клаус, градоначалникот на општината каде припаѓа селото вели дека оваа одлука на купувачот е разбирлива.

Селото било во лоша состојба, а по невремето ситуацијата дополнително се влошила.

Додека правно не се реши проблемот, селото останува во рацете на купувачот од 2001 година кој за мала сума го купил од својот брат.

Во околните куќи живеат 15 луѓе, генерално пензионери.

фактор.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top