| четврток, 6 декември 2018 |

Друштвото на писатели ќе ги врачи наградите за најдобри книжевни дела во 2017 година

Во Друштвото на писателите на Македонија, утре (13 февруари) од 12 часот, ќе се одржи Свечениот собир во знак на одбележување на 71- годишнина од формирањето на ДПМ. Реч по повод годишнината на македонската писателска асоцијација ќе има претседателот на ДПМ, Веле Смилевски, а програмата ќе ја води Александра Велинова.

На свеченоста во домот на македонските писатели ќе бидат врачени наградите за најдобри книжевни дела во 2017 година. Добитници на признанијата се: Јагода Михајловска Георгиева на наградата „Стале Попов“ за најдобра прозна книга, Ристо Василевски на наградата „Ацо Шопов“ за најдобра стихозбирка, Ангелина Бановиќ Марковска на наградата „Димитар Митрев“ за најдобра книга критики, Васил Мукаетов на наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца, и Љерка Тот Наумова на наградата „Книжевен мост“ за книга напишана на еден од јазиците на националностите.

Образложенијата за одлуките ќе ги презентираат претседателите на жири-комисиите: Милован Стефановски, Наташа Аврамовска, Весна Мојсова Чепишевска, Стојан Тарапуза и Кочо Топузоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top