Грчката телевизија „Алфа“ објави дека двајца планинари биле пронајдени мртви, информација која беше објавена и на други локални медиуми.
-Двајцата тпланинари од Скопје, еден маж и една жена на возраст од околу 30 години, отишле на Кајмакчалан со пријателите. Властите биле алармирани вчера во 14:30 часот, кога започнала истрагата по исчезнатите планинари. Веднаш е даден сигнал на надлежните и специјално обучени спасувачи почнале да ја „чешлаат“ областа за пронаоѓање на двете лица, објавија грчките медиуми.
Според Алфа, околу 20 часот синоќа, спасувачите успеале да разговараат со планинарите, но сепак не можеле да стигнат до критичната точка, бидејќи во тоа време преовладувале екстремни временски услови.
-Денеска рано наутро, двете лица се пронајдени починати паднати во клисура, објавија грчките медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Стотици планинари заглавени по силниот земјотрес во Индонезија
-
Протече снимка од големото спасување планинари на Шапка (видео)
-
Емисијата „КОД“ со нови сознанија за загинувањето на Калина и Александар (видео)
-
Федерацијата на планинарски спортови формира комисија за случајот со двајцата загинати планинари