| четврток, 6 декември 2018 |

Филе бара да разговараме за предлогот на Нимиц за да не стават на агендата на ЕУ

file-pred-eu

Земјите членки на Европската Унија одлучија за Македонија воопшто да не се разговара на претстојниот Самит на Европскиот совет, изјавил денеска еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Луксембург.

„Земјите-членки одлучија да не ја стават пјр Македонија на агендата. Сепак, јас денеска ги информирав министрите за писмото кое го добив од македонскиот претседател во однос на тоа дека започнала со работа Комисијата за истрага на настаните од 24 декември 2012 година, што произлезе од договорот постигнат на 1 март за ставање на крај на политичката криза во земјата. Денеска, едноставно немаше дискусија за ова прашање“, одговори еврокомесарот Филе на прашањето на дописникот на МИА од Луксембург зошто Македонија повторно останува со празни раце.

Филе ги повика Македонија и Грција да вложат напори во однос со неодамнешниот предлог за проблемот со името на Метју Нимиц, медијаторот на ОН.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top