По двајцата планинари, маж и жена, за кои грчките медиуми јавија дека загинале на планината Ниџе, се уште се трага. Тие биле дел од група од 50 планинари од Скопје кои заминале за Грција и се движеле на потегот од Лутраки кон Кајмакчалан, информираат од Дирекцијата за спасување во Битола. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во СВР Битола случајот бил пријавен во три часот по полноќ, по што се активирале службите за спасување, пишува „Слободен печат“.
Од МВР се децидни дека ова се уште е спасувачка мисија и не може да се каже дека исчезнатите лица се загинати.
Како што објаснува Димче Јошевски раководител на Дирекцијата за спасување во Битола, кој е дел од спасувачката мисија во потрага по исчезнатите планинари е тргнато со санка, бидејќи за друго возило теренот е непристапен и временските услови се многу лоши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Стотици планинари заглавени по силниот земјотрес во Индонезија
-
Протече снимка од големото спасување планинари на Шапка (видео)
-
Емисијата „КОД“ со нови сознанија за загинувањето на Калина и Александар (видео)
-
Федерацијата на планинарски спортови формира комисија за случајот со двајцата загинати планинари