
Еден од оние кои тешко ја поднесоа смртта на Небојша Глоговац е и Вукашин Марковиќ, кој на публиката ѝ е познат по ликот Бебан од серијата „Семејно богатство“, во коај Глоговац го глумеше неговиот постар брат Златко.

„Беше еден од хероите на мојата рана младост. Ги продавав твоите финти од филмовите, се прашував како може да си толку ладен како шприцер, а на сите да си им потребен. Потоа те сретнав и те запознав и имав чест четири години од животот да ги пoминам со тебе. Учев од тебе, првпат во живот видов како некој може толку е*ено кул да пуши цигара и да е убав со сите заби во устата, слушнав како цела екипа лудачки се смее на твоите збориви, а ти си мртов ладен. И младите и постарите колеги сакаа да бидат како тебе“, пишува Вукашин.
„Сега на 32 имам идеја зошто и како беше кул. Затоа што се палеше на суштина и ја дополнуваше со фори и реплики. Дискретен херој со мрзоволен израз на лицето. Мој постар брат и учител за секогаш. Умре на истиот ден со татко ми, Седам на Калемегдан и плачам и се смеам во исто време. Се сеќавам колку беше велик и прекрасен. Ти благодарам за се, мој Глоги. Беше некакво компас за вкус, мера и вистинска чивечка големина“, пишува младиот актер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


