| четврток, 6 декември 2018 |

Јувентус доби екстра голгетер

Фернандо Љоренте пристигнува во Торино на 1 јули

Атлетик Билбао се смилува и му овозможи на својот најдобар играч Фернандо Љоренте да преговара и да се договори со италијанскиот првак. Според  Јувентус договорот е постигнат за 4,5 милиони евра годишна плата, со тоа што расниот стрелец нема да дојде сега, како што посакуваа црно-белите , туку по крајот на оваа сезона. Тоа пак го ослободи Јуве од плаќање на отштетата што ја бараат баскијците во висина од 5 милиони евра.

Љоренте беше дел од сите титули на Шпанците на Светските и Европските прванства, а во Атлетик одигра 311 меча на кои даде 108 голови со 37 асистенции, но сезонава имаше само еден старт со 11 натпревари од клупа и со само една реализација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top