| четврток, 6 декември 2018 |

Несреќа на бензиска во Кисела Вода: Со џип го прегазил вработениот, завршил на Клиника со скршена нога

Синоќа околу 23 часот во Скопје, на улица „Христо Татарчев“ кај бензиската пумпа на Макпетрол, патничко моторно возило „Џип Митсубиши“ со скопски регистарски ознаки управуван од Ј.С. (41) удрил во вработен на бензиската пумпа В.С.(57) од Скопје.

Во незгодата, В.С. се задобил со тешки телесни повреди – фрактура на левата нога и е пренесен во Комплекс
клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top