| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент на бензиска во Аеродром: Со нож и сукало им се заканувал на вработените и обезбедувањето

Вработен во Агенција за обезбедување вчера пријавил дека на бензинска пумпа на булевар „Србија“ околу 21:40 часот вработените биле вознемирувани од маж кој кон нив упатувало пцовки, закани и навреди, а во рацете држел нож и сукало.

– По доаѓање на патрола од агенцијата за обезбедување, сторителот му упатил закани по животот и на И.М. вработен во агенцијата. Лицето е приведено од полициски службеници и утврдено е дека се работи за С.П.(28) од Скопје, кој што бил задржан во Полициска станица Кисела Вода, информираат од полицијата.

Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top