Три непознати маскирани лица, вооружени со автоматски пушки, ноќеска во 02,20 часот физички го нападнале вработениот на бензинската пумпа „Имо Оил“ во скопски Сарај при што му одзеле околу 20.000 денари, како и неговиот паричник во кој имало 1.000 денари и документи.
Крадците го одзеле и ресиверот од безбедносните камери од пумпата, по што го затвориле вработениот во една од просториите и избегале во непознат правец. Полицијата соопшти дека презема мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.
Непознато вооружено лице, пак, вчера ја ограбило аптеката на „Зегин“ на ул.„Ферит Мурати“ во Скопје. Крадецот со закана со пиштол од вработените одзел засега неутврдена сума пари од дневниот промет, по што избегал во непознат правец.
Вооружен маскиран крадец рано изутрината околу 04,20 часот извршил разбојништво врз вработена во маркетот „Теди“ на ул.„Димитар Влахов“ во Охрид, при што одзел околу 60.000 денари од дневниот промет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.