Пратеникот Артан Груби од ДУИ е дел од македонската парламентарна делегација која неделава е во официјална посета на Вашингтон, и која вчера присуствуваше на Националниот молитвен појадок организиран од претседателот на САД.
Според него, спорот со името е веќе решен. Во наредните недели треба само да се договорат деталите, за договорот со Грција да биде достоинствено и компромисно решение за двете страни.
– Со Грција започнавме да разговараме со јазик на пријатели, а не преку нишанот на историјата и градбите како досега. Имаме мерки за градење на доверба, веќе ги преименувавме автопатот и аеродромот. Идентитетот, културата, името и државата ќе ги заштитиме само ако бидеме дел од големото европско семејство, истакна Груби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.