| четврток, 6 декември 2018 |

Груби: Само начинот на имплементација на договорот не е усогласен, а Македонецот ќе си остане Македонец

Артан Груби од ДУИ во вечерашното интервју на Канал 5  откри дека се е договорено во преговорите со Грција, останува уште начинот на имплементација на договорот.

-Никогаш не сме биле поблиску до решение. Ние како партија сме големи оптимисти и даваме голема поддршка за решавање на спорот. Последните информации се дека се доближени ставовите на двете страни и мислам дека ова е оптимистична вест. Убеден сум дека во наредните денови тоа што нејасно ќе биде надминато и дека ќе успееме да го потпишеме и всушност ќе успееме да го зачуваме тоа што е најважно за моите сограѓани Македоници: идентитетот, јазикот, државјанството. Преговорите не се во ќорсокак, се работи за различна имплементација на договореното. Македонецот ќе остане Македонец, било во Скопје или во Брисел и Вашингтон. Јазикот ќе остане македонски, во групата на словоенски јазици, што е факт, рече Груби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top