
Преведени и архивирани сите 401 амандман поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за помалку од 24 часа, вели Артан Груби за „Макфакс“.
Вчера опозицијата побара одложување на седницата поради поднесените амандмани, за кои рече дека треба време да ги поминат собраниските филтри за да се достават до Комисијата за европски прашања. Комисиската расправа треба да заврши за два дена според деловникот, бидејќи измените на изборниот законик се носат со европско знаменце.
Седницата беше отворена вчера од страна на претседателот на комисијата, Артан Груби, но по отворањето беше одложена. Според ВМРО-ДПМНЕ, не може измените на Изборниот законик да се дискутираат на Комисијата за европски прашања и да се користи европското знаменце, бидејќи, ЕУ не се меша во изборните законици и остава секоја држава самостојно да го креира. Според нив, ова е класична злоупотреба за овој инструмент.
На денешната седница ќе се разгледуваат 401 амандман. Присутни се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе треба да ги образложат. Потоа, треба да се гласа за измените.
Денеска ќе се гласа, како што велат, и ако расправата трае до полноќ, на полноќ и ќе се гласа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Артан Груби: СДСМ е виновен за неуспехот на референдумот
-
Со зборови на СДСМ, дури кога режимот бил пуштен на најјако, вака не било
-
Груби: Само начинот на имплементација на договорот не е усогласен, а Македонецот ќе си остане Македонец
-
Циркус во Белата куќа: Артан Груби се фотографираше со фотелјата на Мајк Пенс, потпретседателот на САД


