| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Престојот во САД го користиме за лобирање за интересите на Република Македонија (видео)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за Гласот на Америка истакна дека за време на работната посета на партиската делегација во Америка три тези преовладувале на состаноците.

Заложбата за прием на Македонија во НАТО и почеток на пристапните преговорите со ЕУ, како и претставувањето и лобирањето за интересите на државата. Имено, Мицкоски ги информирал своите соговорници за политичкиот терор кој се случува во Македонија, застојот во реформските процеси и назадувањата на економски план.

– Ги искористивме овие разговори и средби за да лобираме за интересите и да ги представиме подобро интересите на Република Македонија пред овие влијателни луѓе за да можеме на вистински начин да ја доловиме атмосферата која што во моментов е во Република Македонија, но исто така моравме да ги информираме нашите соговорници и за политичкиот терор во Република Македонија, застојот во реформските процеси и назадувањето од аспект на економските реформи, истакна Мицкоски.

Досега Мицкоски во САД на работна вечера се сретнал со Претседателот на Републиканската партија Боб Падучик и со поголем број на конгресмени и сенатори.

Мицкоски на средба со Претседателот на Републиканската Партија Падучик

Мицкоски се обрати на Конференција за безбедност одржана во Сенатот САД, каде беше претставен како лидер на опозицијата од Македонија.

Мицкоски во Сенатот на САД се обрати под името Македонија (фото)

Уставото име на нашата држава беше запишано и на официјалните картончиња каде што седеа учесниците на дебатата.

Мицкоски во своето обраќање посочил дека Република Македонија ја гледа својата иднина во НАТО и ЕУ.

Мицкоски во Вашингтон: Приоритети се членство во НАТО, ЕУ и стратешкото сојузништво со САД

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласил дека Македонија треба да ја добие поканата за заслуженото членство во НАТО, кое би било од бенефит не само за нашата држава туку и за регионот, како и за НАТО.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се сретнал и со Метју Палмер заменик асистент на генералниот секретар на САД.

На средбата Мицкоски нагласил дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија насочена кон интеграција во ЕУ и НАТО и реформите како клучни процеси кои треба да ја подобрат севкупната економска, политичка и социјална состојба во нашата земја како и во нашиот регион.

Мицкоски – Палмер во Стејт департментот: Потврдени сојузништвото и пријателството со САД

На средбата се разговарало за актуeлната политичка состојба во Република Македонија. Мицкоски нагласил дека во овој момент граѓаните на Македонија се соочуваат со правна несигурност и злоупотреба на правосудниот и административниот систем со цел остварување на тесни интереси на актеулната владејачка коалиција

Се сретна и со Моли Монтгомери, специјален советник за Европа и Азија на Доналд Трамп.

Мицкоски – Монтгомери: Евроатланската интеграција е клучен фактор за стабилност во нашиот регион

Во текот на разговорот двајцата соговорници се осврнале на добрите билатерални односи помеѓу двете земји и потребата од понатамошно надградување на истите во повеќе области. Мицкоски нагласил дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија на која клучни надворешно-политички приротитети и се членството во НАТО, ЕУ како и развој на стратешкото сојузништво со САД.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамките на неговата посета на Вашингтон се сретна со претседателот на Меѓународниот републикански институт, Даниел Твининг.

Tој на средбата беше придружуван од Регионалниот Директор за Европа, Јан Ерик Суротчак.

Покрај сите досегашни средби Мицкоски денеска присуствуваше и на 66 молитвен појадок во Вашингтон организиран од претседателот на САД, Доналд Трамп.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски на молитвен појадок организиран од Трамп во Вашингтон

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top