Премрзнати македонски патници, околу 50-тина, останале на аеродромот во Париз откако авионот на Визер заминал без нив затоа што доцнеле половина час поради невремето, јавува Канал 5
На минусни температури, во вреќи, на под, во спортска салa, македонски граѓани заглавени во Париз.
Голготата започнала кога поради снежното невреме авионот на компанијата Визер полетал без патниците.
Автобусот со кој се враќале на аеродромот патувал многу бавно поради лошото време кое ја зафати Франција денеска.
Патниците раскажуваат дека авионот не бил полетан кога пристигнале на аеродромот, но од Визер немале разбирање па авионот полетал за Скопје практично празен, а следен лет им бил понуден дури во сабота.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.