Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Колон нареди дислокација на околу 2.300 мигранти сместени во диви кампови во Париз.
Во соопштението на Кабинетот на Колон се посочува дека министерот и наредил на полицијата „што е можно побрзо да спроведе операција за евекуација“ на мигрантите, со што би се исполниле одредбите од новиот строг имиграциски закон, но и барањата на хуманитарните организации за решевање на дологорчнито проблем со дивите мигрантски капови.
Станува збор за кампови од шатори, што изминативе неколку недели ги поставија мигранти долж каналите во источниот и североисточниот дел на Париз.
Поставувањето на камповите предизвикува загриженост околу јавната хигиена, но и поради безбедноста, имајќи пред вид дека само од почетокот на месецов во каналите се удавија двајца мигранти.
Поради проблемот со дивите мигрантски кампови, градоначалничката на Париз, Ан Идалго се обрати за помош до француската Влада.
Колон ја критикуваше париската градска управа обвинувајќи ја дека одбива да ги дислоцира мигрантите и побара изработка на долгорочен план за справувања со проблемот предизвикан од континираниот прилив на мигранти во Париз.
Управата на Париз тврди дека од 2015 година, па досега, градските власти раселиле околу 28.000 мигранти од дивите кампови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.